1029 hPa
80 %

-4 °C
Скопје - Сре, 12.02.2025 01:59
Смисла има ли
Двојна секоја војна
Слојна е, гнојна!
***
Купишта цигли.
Низ процепите, крици!
Купишта коски.
***
Ќерката, во шок:
Прекрасен е, погледни!
Не, не е мртов!
***
Ден сто и еден
Ни лек ни леб имаме
Сила Ти дај ни!
***
Авион се чу
Подадените раце
Што ли ќе примат?
Карикатури: Ахмад Кадура (Ahmad Qaddura)
Марија Ангеловска е родена во 1994 година во Скопје. Дипломирала на Катедрата за англиски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ (настава, превод и толкување). Пишува проза и поезија. Учествувала и објавувала раскази на конкурси во државата а нејзини дела се застапени и во регионалната збирк „Рукописи 41“. Настапувала на Струшките вечери на поезијата и на настанот „100 илјади поети за промена“. „Глава што лебди“ е нејзина прва збирка раскази за која ја доби наградата „Новите!“ во 2021 година.