1028 hPa
47 %
14 °C
Скопје - Вто, 10.03.2026 10:59

Денес, 7 јуни (петок) во рамки на прославата на 50-годишнината на Францускиот институт во Скопје, во соработка на Ист Гејт Мол, ќе се одржи дигиталната изложба Piafs! за чие создавање се заслужни Errratum и Мајson Tangible, уметници кои низ хумор ги прикажуваат клишеата за парижаните и градот Париз.
Намќорести, нервозни или романтични – парижаните и Париз се претставени на хумористичен начин. Errratum и Мајson Tangible канат уметници од различни средини низ хумор да ги прикажат клишеата за парижаните. Оттука, ќе видите хипстер чавка, патки во аквапаркот или ластовичка којашто пие кафе на тераса…
Врз основа на иновативен и едноставен пристап за посетителот, изложбата ја води публиката низ колоритен и волшебен графички пејзаж, којшто е подеднакво интересен и за мали и за големи. Секое дело „оживува” низ зголемена реалност преку апликацијата на Маison Tangible, која е бесплатна за преземање преку мобилен уред.
На следниот линк, можете да дознаете како да ја активирате апликацијата со која ќе се придружите во универзумот на зголемена реалност.
Изложбата ќе биде поставена паралелно на две: десет дела во Ист гејт Мол и пет дела во излогот на Францускиот институт во Скопје.
Изложбата ќе биде отворена до 21 јуни 2024.