Перформативна програма на Skopje Pride Weekend

07.06.2024 11:19
Перформативна програма на Skopje Pride Weekend

Во рамки на овогодишниот фестивал Skopje Pride Weekend, на 10 и 15 јуни, во Денсинг салата на Младинскиот културен центар, ќе се одржат перформанси на Харалд Бехари (10 јуни, 20 часот) и Марга Алфеиро со Маријана Бененге, Миријам Лукас и Шака Лајон (15 јуни, 21 часот).

10 јуни, 20 часот

Harald Beharie

Batty Bwoy - Соло танцов перформанс

Харалд Бехари (тој/тие) е норвешко-јамајски изведувач и кореограф кој живее и работи во Осло, Норвешка. Кореографската пракса на Харалд претставува колаборативно патешествие, навигација низ двосмисленоста и фантазмите, испресечени со теми на конструкција и деконструкција, надеж и несигурност, незаинтересираност и емоционален интензитет. Посебен интерес негува во техниката „Направи сам“ и во ранливоста да се биде во непознатото. Во потрага по дисекција на воспоставените корпореални и телесни наративи, нивното дело го слави спектарот на отелотворување – почнувајќи од патетичното до заносното, колапсот на изобилството, несигурноста пред непоколебливото, но сето тоа со доза на наивност и квир игривост. Харалд се насочува кон локалните луѓе, локалните идеи и кон поттикнување на идеи со и во рамките на заедницата.

Во 2023 година Batty Bwoy ја освои наградата „Хеда“ за Најдобра танцова продукција.

Batty Bwoy е солистички настап, што започнува не со прашање или со критика, туку со игра и желба, испреплетени со насилство и фина суровост. Преку реапропријација на поимот „Batty Bwoy“ од јамајскиот јазик, кој во буквален превод на англиски јазик значи butt boy (педер), користен како сленг за квир личност, делото ги искривува и испревртува митовите за црнечкото квир тело, откривајќи ранливи можности во една заемна интеракција на свесност и наивност.

Проучувајќи ја апсурдноста на квир монструозноста, Batty Bwoy артикулира со помош на порозноста на телата и јазиците, устите ги голтаат и ги блујат телесните фикции проектирани врз кожата.

Преку една одисеја на продорен прогресивен рок, Batty Bwoy ги напаѓа и ги прифаќа седиментираните наративи за стравот од квир телото како перверзен и девијантен лик. Со изразот „Batty Bwoy“ се алудира на амбивалентно суштество кое живее на прагот на прекарните тела, ослободената моќ, радоста и batty енергијата! Делото црпи мотивација од митологијата, одвратните стереотипи, чувства и фантазиите на квир телото и идентитетите, хомофобичните стихови од денсхол правецот, филмовите од италијанското џало од 1970-тите години, жилавите „кралици од ендеците“ (gully queens – gully на јамајски – системи на одводни канали во случаи на бури каде што живеат бездомните ЛГБТ лица) и квир гласовите од Норвешка и Јамајка во посета, но и учесници во процесот.

15 јуни, 21 часот

Marga Alfeirao со Mariana Benenge, Myriam Lucas и Shaka Lion
Lounge

Танцов дует

Зборот lounge е глагол, со значење да седиш или да лежиш релаксирано, но и именка со значење јавен простор за релаксација. Лаунџинг (lounging) претставува и дејство и место, простор што можеш да го оформиш, да го населиш и да го густираш.

Во основата на делото се наоѓа двојната природа на одморањето, чекањето, движењето и придвижувањето. Lounge претставува дует за две тела кои се идентификуваат како женски. Заедно се движат низ состојби на активност и пасивно одморање, до уживање во траењето на повторувачките движења. Лаунџ собата како јавно наспроти осамено место, исто така има важност. Со помош на сопственото присуство, изведувачите навлегуваат подлабоко во себеси и во вибрациите. Во делото продира идејата за Невидлив танц во скут, сочинет од мали, речиси невидливи танцови кои со помош на погледот ја избледнуваат границата меѓу танчарот и оној врз кој се извршува танцот.
Преку ваквата кореографска стратегија се нагласува, но и се истражува врската меѓу танчарот и публиката, јавна и приватна, да видиш и да бидеш виден. Сензуалноста е клучна, па одовде и атмосферата. Светлото и музиката даваат потпора, скут во кој танчарите би седнале. Со примена на еротиката и градењето на заедништво, Lounge црпи од удобноста на одморањето како активно право на женскоста.

„Рајот можеби е дел од земјата, но вие сте во чекалницата и не ви се брза. Се препуштате на исчекувањето, одолговлекувате во чувствувањето. Ветувањето за вечниот одмор и мир, и мирниот сон ве привлекуваат. Токму овој транзиторен простор ве подготвува за тоа. Потребен ми е твојот скут за момент. Ќе ми помогнеш? Можеш да седнеш и во мојот или да ја потпреш главата и да се одмориш. Ќе ти пеам приспивни песни на увце, а подоцна ќе стенкам врз твоето лице. Може ќе ти паднам во скут, но во ред е, заедно ќе кулираме.“

ОкоБоли главаВицФото