1010 hPa
50 %

23 °C
Скопје - Нед, 16.03.2025 10:59
Денес, 10 јуни (понеделник), со почеток од 19 часот, во MladiHub ќе се одржи предавање и дискусија со д-р Мајк Пирс на тема „Тивката пандемија - менталното здравје”.
Мајк Пирс е професор по историја, кој предавал на Лондонскиот колеџ за теологија и колеџот „Хотон” во Њујорк.
Тој долги години ги посетува некои од балканските земји и е многу добар познавач на историјата во овој предел. Моментално живее во Осијек, Хрватска.
Настанот ќе се одржи во канцеларијата на MladiHub на Рекорд, Скопје. Истиот е отворен за сите студенти, средношколци и млади.