Yes фестивал! Млади европски приказни, млади креативци

11.06.2024 10:51
Yes фестивал! Млади европски приказни, млади креативци

Утре, 12 јуни (среда) почнува книжевниот и творечки фестивал за деца и млади во организација на издавачката куќа „Чудна шума”, чија главна програма ќе трае до 15 јуни.

Во рамките на фестивалот ќе има креативни работилници со уметници, писатели и илустратори од Македонија, Словенија и Хрватска, промоции на книги за деца и млади, изложба на илустрации, саемски дел и многу музика.

Придружната програма се одржува од 6 до 15 јуни и се одвива во книжарница „Чудна шума” и во повеќе објекти на ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци”

Главна програма:

Градска библиотека „Браќа Миладиновци”:

Во рамки на фестивалот „Млади европски приказни, млади креативци“, од 12 до 15 јуни, гостите писатели и илустратори од Словенија и Хрватска Ида Млакар Чрнич, Петер Шкерл, Хана Тинтор, Ива Безиновиќ-Хејдон ќе одржат организирани креативни работилници за деца од основни училишта во централниот објект на ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“.

13 јуни, библиотека „Браќа Миладиновци“, читање и работилница „Мојата бабичка не знае која сум“ со Ива Безиновиќ Хејдон и Хана Тинтор

14 јуни, читање и работилница, библиотека „Браќа Миладиновци“, „Овде, во близина, живее едно девојче“ со Ида Млакар Чрнич и Петер Шкерл


Младински културен центар:

12 јуни, среда

17:00 – 18:00 Креативна работилница со Доротеј Нешовски, „Во светот на природата“ (сликаме животни и бубачки од гипс)

 

18:00 Официјално отворање на фестивалот

18:00 – 19:00 Читање и работилница „Љубов во топка“ со авторките Ана Јовковска и Иванка НиБа, модератор: Билјана Црвенковска (Едиција Светулка)

Креативна работилница со Иванка Ниба, Возраст: 6+

19:00 – 20:00 Промоција на книгата „Прастари сказни за херои, чуда, чудесии и чудовишта разни“ на Ванчо Полазаревски и Наташа Костовска. Промотор: Билјана Црвенковска (Чудна шума)

Hahnemühle Art Corner
18:00 – 20:00 Hahnemühle Art Corner со Владимир Лукаш

 

12 – 15 јуни – Изложбен дел:

Изложба на илустрации од илустраторите Петер Шкерл, Хана Тинтор, Катерина Николовска, Давор Кешкец, Владимир Лукаш

Изложба на илустрации на илустраторката Иванка НиБа

Изложба на кукли од уметницата Наташа Костовска


13 јуни, четврток

16:00 – 17:00 Трибина „Различни и прекрасни: потребата за инклузивна книжевност за деца и млади“ (учесници: Билјана Црвенковска, Искра Димковска, Никола Гелевски, Денис Јанкуловски)

17:00 – 18:00 „Работилница за (скоро) сите сетила“ инспирирана од книгата „Лола и јас“ со Искра Димковска и Владимир Лукаш (издавачка куќа Сказнувалка). Возраст: 6+

18:00 – 19:00 Промоција, читање и работилница „Мојата бабичка не знае која сум“ со Ива Безиновиќ-Хејдон и Хана Тинтор. Модератор/промотор: Ана Јовковска. На македонски ќе чита: Анастасија Ласовска

Креативна работилница со Хана Тинтор, возраст: 7+

19:00 – 20:00 Промоција и читање на книгата „Земјата на заборавените сказни“, учесници: Билјана С . Црвенковска, Симон Трпчески, Оливер Коларевски, Лара Трпческа. Промотор: Ана Јовковска (Чудна шума)

Hahnemühle Art Corner

18:00 – 20:00 Hahnemühle Art Corner со Давор Кешкец

19:00 – 20:00 Hahnemühle Art Corner со Хана Тинтор


14 јуни, петок

17:00 – 18:00 Креативна работилница со Небуше Ајети „Направи си своја маичка“ (сликаме уметнички дела на маички) – на македонски, албански и турски јазик. Возраст: 8-14 години

18:00 – 19:00 Промоција, читање и работилница „Забранетата соба“ со авторите Александра Симова Клинчарова и Хари Дудески. Промотор: Оливија Георгиевска. Извадоци ќе чита: Анастасија Ласовска (Чудна шума)

Креативна работилница за цртање „страшни ликови“ со Хари Дудески. Возраст: 7+

19:00 – 20:00 промоција, читање и работилница „Овде, во близина, живее едно девојче“ со авторите Ида Млакар Чрнич и Петер Шкерл и преведувачот Дарко Спасов. Модератор/промотор: Ана Јовковска. На македонски ќе чита: Анастасија Ласовска (Чудна шума)

Креативна работилница со Петер Шкерл. Возраст: 7+

Hahnemühle Art Corner

17:00 Hahnemühle Art Corner со Петер Шкерл


15 јуни, сабота

11:00 – 12:00 Претстава, читање и работилница „Кралот кој имаше од сѐ по многу“ со Искра Димковска и Владимир Лукаш (издавачка куќа Сказнувалка)
Возраст: 6+

12:00 – 13:00 Креативна работилница „Направи своја приказна“ (креативно пишување и цртање) со Ана Голејшка Џикова. Возраст: 6+

12:00 – 13:00 Креативна работилница „Магичното писмо“ со илустраторката Иванка НиБа и авторката Неше Рамовиќ (Едиција Светулка).Возраст: 5+

13:00 – 14:00 Креативна работилница со авторката Марија Петровска - „Ги боиме чувствата“ - инспирирана од сликовницата „Прстот што бои сино“ (Едиција Светулка)
Возраст: 6+

13:00 – 16:00 Креативно катче за деца – слободни активности (цртање, боење)

16:00 – 17:00 Трибина „Светот на нашите баби и дедовци: минливоста, смртноста и развивањето емпатија кон постарите лица во книжевноста за деца и млади“ со Ника Гавровска, Ива Безиновиќ-Хејдон, Билјана Црвенковска...

17:00 – 18:00 Читање и работилница за деца „Старецот и глушецот“ со Ника Гавровска (Издавачка куќа Гаврош). Возраст: 5+

17:00 – 18:00 Креативна работилница со Наташа Костовска – „Направи си своја кукла“ (изработуваме кукли од чорапи). Возраст: 6+

18:00 – 19:00 Читање на сликовницата „Беззборовната Ела“ и креативна работилница за деца со Билјана С. Црвенковска. Извадоци ќе чита: Анастасија Ласовска (Чудна шума). Возраст: 6+

18:00 – 19:00 Креативна работилница „Мали диви детективи“ со Сања Арсова и Маја Андоновска – учиме Морзеова азбука и решаваме лавиринти (Едиција Светулка)
Возраст: 7+

19:00 – 20:00 Промоција, читање и работилница „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска. Промотор: Билјана Црвенковска (Чудна шума)

Креативна работилница со Катерина Николовска. Возраст: 6+

Hahnemühle Art Corner

18:00 – 19:00 Hahnemühle Art Corner со Хана Тинтор

Саемски дел

Во МКЦ ќе се продаваат изданијата што ќе бидат промовирани на фестивалот од издавачките куќи Чудна шума, Сказнувалка, Гаврош, Едиција Светулка, Темплум..., како и уметничките хартии и скицници на германскиот бренд Hahnemühle.

За музичкиот избор и весела и разиграна атмосфера ќе се погрижи Ненад Тонкин

Важно:

Организаторите напоменуваат дека за сите креативни работилници од отворен тип во МКЦ и во книжарницата Чудна шума е потребно пријавување на е-пошта: info@cudnasuma.com

За работилницата во „Чудна шума“ бројот на деца е ограничен на 8, додека работилниците во МКЦ се со ограничен број од 15 деца-учесници.

При пријавувањето ве молиме да го напишете името и возраста на детето и за кои работилници се пријавувате. Можете да се пријавите за повеќе денови и за повеќе работилници.

Слични содржини

Книжевност / Уметност / Настан
Книжевност / Уметност / Настан / Филм

ОкоБоли главаВицФото