Со конзерви против гладот

01.03.2011 13:30
Со конзерви против гладот

Canstruction® е уникатна непрофитна организација за собирање храна во светот. Оваа организација, која ги спојува ликовното изразување, дизајнот и добродетелството, е основана во 1992 г. во САД.

Всушност, Canstruction® е патувачка добротоворна акција која организира големи натпреварувања за изградба и конструкција на огромни скулптури. Финтата е во тоа што како единствен материјал за обликување на скулптурите смее да се користат само лименки за храна. По изградбата на скулптурите и прогласувањето на победникот се организира и изложба за пошироката јавност. На крајот сите полни лименки кои се употребени за изградба на скулптурите им се донираат на локалните организации кои се занимаваат со собирање храна за одредени заедници.

Целта на Canstruction® е да ја поттикне и инспирира заедницата со заеднички труд да им помогне на поголем број луѓе. А градителите, освен на дизајнот, внимание мораат да посветат и на големината на скулптурата – колку е поголема, толку повеќе храна ќе се собере. Во самата организација заклучиле дека со „класичното“ собирање храна никогаш не би привлекле толкаво внимание во јавноста. Благодарение на уникатната идеја, тие ја остваруваат својата цел – организирање хуманитарна акција, но и поттикнување на заедницата на креативно творештво.

Иако Canstruction® изворно е американска организација, слични настани набрзо се проширија низ целиот свет. Тимовите кои ги конструираат скулптурите можат да потрошат и повеќе месеци на нивно осмислување, но имаат само 12 часа за нивна изградба. Притоа, можат да користат неограничен број лименки со цел, секако, да има што е можно повеќе храна кој потоа ќе се донира.

По прогласувањето на победникот од страна на жирито кое главно го сочинуваат славни личности од филмот или музиката, изложбата се отвора за јавноста, а влезницата чини само една конзерва. Полна, се разбира.

Извор: pogledaj.to

ОкоБоли главаВицФото