Сведочење

12.06.2024 10:26

Еј апатијо! Таму се деца без пасош
Зар не родиле палмите
невиности? Како крвишта во раскош
би оправдале псалмите?

Еј демократијо! Името носи со себе
сал клуч за една вистина.
Ќе оплодиш само смрт што не ‘рти семе.
Со чад твојата ризница

Еј празнотијо! Сведочи ги зборовите
следни: Бегалец, Граница
Палестина! Не прифаќај ги даровите
на тивката тупаница

Еј историјо! Памти очи што зрачат
кон небиднина и мора
Булките раснат само од срца што плачат.
В поле посеј им зора.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото