Повик на штрајк за Газа!

12.06.2024 11:32
Повик за штрајк за Газа!

Во Хрватска културните работници ги повикуваат уметниците привремено да ги прекинат своите програми во име на солидарност со народот на Палестина, за да испратат порака до државните институции дека не сакаат да бидат учесници во геноцидот врз палестинскиот народ.

За К.Р.У.Х., иницијативата за чесно платена работа во културата и Иницијативата за слободна Палестина ги повикуваат уметничките, културните работници и сите останати на 15 минути, половина час, ден, два или една недла, да ги сопрат, стопираат, прекинат, затемнат, да ги одложат своите уметнички програми во име на солидарноста со народот на Палестина.

Со секое нормализирање на секојдневието и постојаното непрекинато производство, испраќаме порака дека геноцидот што се случува на улиците на Газа и окупираниот Западен брег е во ред. Доста е!

„Повикуваме на испраќање јасна и недвосмислена порака со откажување или краткотрајно прекинување на уметничките настани - изложби, концерти, проекции, текстови, претстави, танци - не сакаме да произведуваме за државата или да стоиме покрај системот кој молчи пред масакрот и теророт што систематски се врши врз палестинскиот народ”, се порачува во соопштението.

Културните работници појаснуваат дека на штрајкот можете да се приклучите на неколку начини:

Со откажување: прекин на настаните на неодредено време, со одлука дека предвидените содржини нема да се одржат, испорачаат, видат – со пренасочување на средствата наменети за реализација, во заедничкиот фонд за работа на Иницијативата за слободна Палестина;

Со затворање: привремен прекин на работата на клубовите, книжарниците, галериите, кината и центрите за култура, со одлука за затворање на културниот простор на одредено време (еден ден, една смена, еден час) со цел да се испрати порака за солидарност;

Прекинување на програмата: прекин на настаните на одредено време (15 минути, половина час до неколку дена), одлука за прикажување на предвидените содржини, но со (мало) одложување со цел да се испрати порака за солидарност;

Затемнување: привремено „затемнување” на поединечно уметничко дело, слика, инсталација, проекција или изведба, кои се изложени или изведени како дел од групни изложби, фестивалска програма или друг јавен настан со цел да се испрати порака за солидарност.

Исклучување на содржините: привремено исклучување на уметничките страници, портали, весници или дигитални содржини на одреден временски период (еден час, ден, недела, месец, до крајот на траењето на штрајкот) со цел да се испрати порака за солидарност.

И тоа горенаведеното да се спроведе со истакнување на физички или дигитален постер Штрајк за Газа! на местото на откажаната, прекината или исклучената програма односно затворениот простор, со објавување фотографија на социјалните мрежи и означување со За К.Р.У.Х. и Иницијативата за Слободна Палестина, како и со #strikeforgaza #westrikeforgaza #artandculturalworkersforgaza.

Со овој штрајк културните работници сакаат да испратат јасна порака до државните институции кои финансиски ја поддржуваат нивната работа дека одбиваат да бидат учесници во геноцидот врз палестинскиот народ, бараат прекин на односите со државата Израел, воведување санкции и признавање на Палестина. Сликите можете да ги преземете овде.

Извор: https://www.portalnovosti.com

Слични содржини

Општество / Активизам / Стрип / Култура / Уметност
Општество / Активизам / Стрип / Култура / Уметност
Општество / Активизам / Култура / Теорија / Историја
Општество / Активизам / Свет
Општество / Активизам / Култура
Општество / Активизам / Фотографија / Култура

ОкоБоли главаВицФото