Кон родовата еднаквост преку уметност

12.06.2024 14:17
Кон родовата еднаквост преку уметност

Мрежа Стела и НМСМ ги повикуваат стрип автор(к)ите и илустратор(к)ите да учествуваат на наградниот конкурс за стрип „Кое е твоето чудо?!”.

Дали сте посветена стрипаџика/ја или илустратор(к)а? Дали сте подготвени да разгорите дискусија за родовата еднаквост преку своето уметничко дело?

Дали верувате во силата на визуелната приказна која може да поттикне позитивни општествени промени? Ако е така, Ве покануваме да учествувате во отворениот повик, посветен на темата за родовата еднаквост.

Конкурсот е дел од проектот „Еднакви можности за девојчиња и млади жени во Северна Македонија“ спроведен од Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) и Мрежата Стела, со финансиска поддршка од Британската амбасада во Скопје, носи свежа енергија во борбата за родова еднаквост. Со цел да ги отстрани пречките и стереотипите, овој проект ги отвора вратите за девојчињата и младите жени кон нови предизвици и успеси.

За конкурсот:

Овој конкурс има за цел да опфати различни аспекти од борбата за родовата еднаквост. Уметничките дела треба да поттикнат теми кои ќе придонесат кон подобро општество, ќе ги разбијат стереотипите и ќе внесат позитивни промени. Било преку лични приказни, општествени размислувања или имагинативни наративи, ги охрабруваме стрип-автор(к)ите да се нурнат длабоко во темата и да ги изразат своите уникатни перспективи.

Наградниот фонд изнесува 85.000 денари, односно прва награда 50.000 денари, втора награда 25.000 денари, трета награда 10.000 денари.

Од пристигнатите дела ќе биде организирана изложба, на која ќе се прогласат наградените стрипови, и ќе се доделат сертификати и дипломи за учество на конкурсот.

Упатства за пријавување:

Уметнички стил: Добредојдени се сите уметнички стилови, од користење техники со традиционално перо и мастило, до дигитална илустрација, како и сѐ помеѓу.

Формат: Приказните може да бидат во било кој формат (еднопанелни стрипови или мулти-странични), но треба да бидат прилагодени за онлајн објавување и да имаат висока резолуција за печатење за изложба.

Теми: Приказните треба да истражуваат теми поврзани со родовата еднаквост, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на:

  • промоцијата на потребата од заедничко дејствување кон креирање на поеднакво општество
  • заедничарење, солидарност и поддршка
  • надминување на родовите стереотипите и традиционалните улоги;
  • борбата против дискриминацијата и предрасудите засновани на родот, сексуалноста и останати идентитети;
  • зајакнување на женските права;
  • правата на ЛГБТИ+ заедницата;
  • феминизам и активизам;

Оригиналност: Сите трудови мора да се оригинални авторски дела.

Краен рок за пријавување: 20 август 2024.

Процес на пријавување и оценување:

Делата испратете ги на chudostrip@gmail.com до крајниот рок, со назнака „Пријава за награден конкурс за стрип „Кое е твоето чудо?“.

Делата ќе бидат оценувани од страна на жири-комисија, составена од активист(к)и и професионалци, уметници/-чки во областа на родовата еднаквост. Критериумите за избор ќе вклучуваат уметничка вредност, релевантност на темата, како и оригиналност на наративот. Автор(к)ите на избраните дела ќе бидат известени преку е-пошта.

Права на употреба:

Со учеството на конкурсот, автор(к)ите им даваат на Стела и НМСМ неексклузивни права за објавување и промоција на делата во врска со овој проект. Автор(к)ите ги задржуваат авторските права на своето дело и можат да го користат за лична промоција и комерцијални цели.

Право да конкурираат имаат сите граѓанки и граѓани на Република Северна Македонија кои ќе испратат досега необјавувани авторски стрипови, од 1 (една) до максимум 8 (осум) табли (или страници).

Придружете ни се во поддржувањето на родовата еднаквост преку уметност!

За дополнителни информации, испратете порака на chudostrip@gmail.com

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото