1035 hPa
80 %
![облачно облачно](/sites/all/modules/weather/images/day-overcast.png)
0 °C
Скопје - Саб, 18.01.2025 07:59
Вечерва во галеријата на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, со почеток во 20 часот, ќе биде отворена самостојната изложба „What Will Be Left of Us After We Die?” („Што ќе остане од нас по смртта”) на Изабела Иванишевиќ.
На изложбата ќе бидат претставени дела создадени за време на постдипломските студии на Факултетот за ликовни уметности во Скопје и најновата авторска продукција за време на вториот циклус студии во Haute école des arts du Rhin во Мулуз, Франција.
Изабела Иванишевиќ (родена 1995 во Битола) е студент во четврта година во Haute école des arts du Rhin , отсек уметност – ателје сликарство каде што се подготвува за дипломата DNSEP. Дипломира и магистрира на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Добитник е на наградата „Четири мајстори на модернизмот” во 2018 година.