1029 hPa
74 %

-1 °C
Скопје - Вто, 11.02.2025 21:59
Во сабота, 15 јуни 2024, во БруталиСК, Скопје, во 20 часот, ќе разговараат Никола Гелевски, главниот уредник на списанието Маргина и порталот Окно, и Васко Маглешов, новинар на порталот Призма. Главната тема на разговорот ќе бидат двата важни јубилеи на книгоиздателството Темплум: 30 години Маргина и 15 години Окно. Но, се разбира, разговорот ќе оди и во други насоки и кон други теми, за општеството, културата, животот, предизвиците...
Како повик за присуство пренесуваме делче од неодамнешно интервју на Тони Димков со Никола Гелевски:
Т. Д. Целиот досегашен живот го помина со пишување, издаваштво, публицистика во областа на културата. Што доби за возврат, има ли задоволство во таквата работа и колку сметаш дека тоа е „паметна“ одлука?
Н. Г. Ќе ви одговорам парафразирајќи две песни од Блаже Конески:
Петнаесет години Окно.
И што е сторено?
Петнаесет скршени врчки.
Детето во нас затворено во кафез од брчки.
Тие сметаат дека е моја должност да останам млад заради нив. Но смрзнат е мојот крвоток како потоците на Гренланд што не се распознаваат. Сомнителна е и самата моја исклучителност. На строгите закони подлежам што нè унижуваат. Но нивната порака е цврста и очајна: Не изневеруј ги нашите последни надежи! Остани млад.
Ќе останам млад, ветувам :) Но не ветувам дека Окно и Маргина ќе останат живи. Можеби треба да умрат, ко сè што умира. Можеби ќе ми се отвори нов простор за живот, со нивната смрт?! Нејсе. Сите наши иднини, поединечни и колективни, се екстремно несигурни. Живееме во морничава доба-природа (време-простор) во која, меѓу другото, и преку Окно и Маргина, јас се обидувам да се ориентирам, артикулирам, сфатам. И себеси и заедницата.
Корисни линкови: