Што сум без прогонство?

14.06.2024 18:49

Мене што сум туѓинец како река на брег од друга река...
Водата
Ме врзува за твоето име. Ништо не ме враќа од мојата далечина.
Кон мојата палма: ни мирот ни војната. Ништо
Не ме присоединува кон евангелијата. Ништо...
Ништо не светка во тињата и полињата меѓу Нил и Тигар.
Ништо
Не ме истоварува од бродовите на фараонот.
Ништо
Не ме носи и ништо не ми ја носи идејата: ни желбата
Ни ветувањето. Што да се прави? Што
Да се прави без прогонство и без долгата ноќ
Која ја испрашува водата?
Водата Ме врзува За твоето име...
Ништо не ги носи пеперугите на мојот сон
Кон мојата стварност: Ни песокот ни огнот. Што да се прави
Без ружите на Самарканд? Што да се прави
На еден плоштад што ги мазни пејачите со своите
Месечеви камења? Станавме лесни како нашите живеалишта
Во далечните ветрови. Станавме пријатели
На прекрасните суштества помеѓу облаците... и скриени
Од тежината на земјата што не потврдува. Што ќе правиме...
Што ќе правиме
Без прогонството и без долгата ноќ
Која ја испрашува водата?

Водата
Ме врзува
За твоето име...
Од мене остануваш само ти, од тебе останувам
Само јас, туѓинец кој ја трие ногата на својата туѓинка, о туѓинко!
Што ќе правиме со мирнотијата
Што ни останува... и од попладневниот одмор меѓу два Мита?
И ништо не нè носи: ни патот, ни домот.
Дали таа патека беше иста отсекогаш?
Освен ако нашите соништа не нè замениле
Откако нашле, кај Монголите, една кобила на ридот.
И што ќе правиме?
Што ќе правиме
Без
Прогонството?

Превод: Влада Урошевиќ

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Книжевност / Уметност
Книжевност

ОкоБоли главаВицФото