Ерусалемска екологија

17.06.2024 17:23

Воздухот над Ерусалим е стежнат од молитви и соништа
и личи на воздух над градови со тешка индустрија.

Воздухот над Ерусалим е стежнат од молитви и соништа
и личи на воздух над градови со тешка индустрија.
Одвај се диши.

Одвреме-навреме доаѓа нова пратка историја,
па зградите и кулите се амбалажа
што по употреба е отфрлена и сложена на куп.

Понекогаш доаѓаат свеќи наместо луѓе.
Тогаш е тивко.
Другпат, луѓе наместо свеќи.
Тогаш е хаос.

А во заградени градини, сред грмушки од јасмин
мириси што шират – странски конзулати,
чиниш неверни сопруги, отфрлени,
мигот свој го чекаат.

Превод: Зоран Анчевски

 

Слични содржини

нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото