1026 hPa
86 %
![облачно, магловито облачно, магловито](/sites/all/modules/weather/images/night-overcast-fog.png)
0 °C
Скопје - Пон, 20.01.2025 16:59
Европските парламентарни избори ги потврдија очекувањата: новата десница маршира низ стариот континент, екстремистите влегуваат во главната струја, a mainstream-от станува нешто како mainextreme, фашистите веќе не се кријат , аферите не ги повредуваат. И сега е време за забава! Во Германија, каде што Alternative für Deutschland – најекстремната од успешните десничарски партии – штотуку триумфираше, почнува Евро 2024, а милијарди евра ќе се вртат по стадионите и баровите, во обложувалниците и рекламните агенции. И додека експертите ги проучуваат формациите на секоја поединечна репрезентација, вештачката интелигенција исфрла проекции и сите заедно ја чекаме фудбалската магија, еве неколку страници колку за загревање.
Армани
Репрезентацијата на Италија игра во иста група со Хрватска, а познавачите не ѝ предвидуваат врвен резултат. Но, тие веќе извојуваа модна победа: пред некој ден беше претставена свечената колекција потпишана од Џорџо Армани во која Донарума, Киеза и други фудбалери ќе продефилираат надвор од фудбалското игралиште. Колекцијата е инспирирана, како што пренесуваат медиумите, од модната линија на националниот тим од 1928 година. Ах, тие стари, убави, романтични фудбалски години: во 1928 година Азурите го освоија својот прв медал на големо натпреварување, декласирајќи го Египет во натпреварот за третото место на Олимписките игри во Амстердам со 11:3, а тоа беше само вовед во вистински успеси. Само четири години подоцна FIFA ѝ го довери на Италија домаќинството на второто Светско првенство, а во 1934 година италијанската репрезентација го освои пред 55.000 навивачки навивачи на Националниот стадион на Националната фашистичка партија во Рим, што беше беше официјално име на стадионот. Четири години подоцна Италијаните ќе ја брани титулата во Париз, а легендата вели дека Бенито Мусолини пред финалниот меч им испратил телеграма на играчите со порака: „Победа или смрт!“ Без разлика дали легендата е вистина или не, факт е дека италијанскиот фудбалски бум без причина се совпадна со владеењето на Дуче, бидејќи фашистите го препознаа олицетворението на националното единство и италијанскиот победнички дух кај фудбалерите, обилно финансирајќи ги нивните успеси.
Можеби некому му се чини дека се оптоваруваме со неважни историски детали на овие страници, дека сме параноични и дека насекаде ја гледаме нормализацијата на фашизмот, па дури и дека модната линија на претставување на државата под постфашистичка власт на Џорџиа Мелони е отворено инспирирана од модната линија од златните години на Бенито Мусолини. А ние само ќе ве потсетиме на резултатите од изборите за Европскиот парламент: види го семафорот. Фашизмот веќе е нормализиран во Европа, исто колку што се нормализираа модните креации инспирирани од естетиката на фашистичките претстави.
Најдобрите денови
Но, еј, можеби се во право оние што се сомневаат, можеби навистина претеруваме. На крајот на краиштата, зошто да одиме до Италија кога фашизмот одамна е нормализиран и од оваа страна на границата? На хрватските билборди, на пример, во пресрет на Еврото, се појави реклама за роботските косилки за трева Husqvarna со духовит слоган: „Коси како Џо во неговите најдобри денови“. И се’ е јасно. Знаеме кој е Џо: поранешниот репрезентативен стопер Шимуниќ, секако. Знаеме и кој беше покосен: брзоногиот српски репрезентативец Миралем Сулејмани, кој беше спречен во опасен контранапад. Џо заработи црвен картон за брутален фаул во 80. натпревар од важен квалификациски натпревар на белградска Маракана во септември 2013 година.
А знаеме и како изгледаа најдобрите денови на Џо: делумно благодарение на тој негов фаул, хрватските репрезентативци стигнаа до баражот, а на гостувањето во Рејкјавик без голови играа со Исланд, а на реваншот во Загреб славеа со 2:0 и на тој начин се пласираа на Светското првенство, па Џо се фати за микрофонот и викна „За дом!“, потоа навивачката хрватска публика спремно одговори „Спремни!“, а потоа уште еднаш и уште еднаш. Несреќниот Џо беше казнет од FIFA за фашистичко скандирање со казна од 10 натпревари и со тоа стави крај на репрезентативната кариера. Џо се жалеше, па неговите адвокати зборуваа доста сериозно за големосрпска завера, па жалбата беше одбиена, па хрватската фудбалска јавност се згрози, па Хрватскиот фудбалски сојуз го награди Џо со функцијата помошник селектор на репрезентацијата, Анте Чачиќ, а по отказот на Чачиќ Џо стана селектор на помладата репрезентација... Да скратиме: играчот казнет поради пеење фашистички скандирања во Хрватска остана фудбалска икона, а сега стана симпатична рекламна шега. И секако, некој ќе помисли дека повторно претеруваме и сме параноични. И пак ќе кажеме: види ги семафорот. Со оглед на резултатот што стои таму - барем од перспектива на Џо - најдобрите денови допрва доаѓаат.
Дресови
На неколку дена пред почетокот на турнирот низ медиумите и социјалните мрежи се прошири вест од жанрот на корпоративната дистопија: германската полиција ќе ги казни сите навивачи кои не носат оригинални, брендирани дресови на своите репрезентации, туку носат нивни евтини копии, со казни до пет илјади евра за прекршување на законот за авторски права и интелектуална сопственост. Веста за лажни дресови, брзо се испостави, сама по себе е лажна: полицијата ги казнува производителите и дистрибутерите на лажни дресови, но не и оние кои ги носат. Само, знаете како оди со лажните вести во ерата на проверка на фактите: новинарите обично се задоволни да откријат како некои вести се лажни, но тие ретко прашуваат зошто некои лажни вести најпрвин станаа вести. И ако прашаат, обично заклучуваат дека тоа е зашто публиката е глупава, наивна и медиумска неписмена.
Но, што ако има барем малку вистина во секоја лажна вест? Што ако зад најлудите конструкции за Бил Гејтс и неговите микрочипови се крие вистината за системот кој им овозможува на поединците да станат помоќни и побогати од цели земји? Што ако зад психоделичните анти-ваксер сценарија стои вистината за профитот на фармацевтските корпорации? Во лажните вести за лажните дресови, згора на тоа, можеме прецизно да ја измериме таа вистина: таа изнесува точно 149,99 евра, колку што чини официјалниот дрес на Најк на хрватската репрезентација. Во Англија, која е многу побогата, навивачите веќе потрошиле речиси два ипол милиони евра на поевтини реплики поради ваквите цени, се проценува. Оние на кои цените на официјалните дресови им се превисоки, добро знаат дека мултинационалните корпорации заработуваат многу од страста на своите фанови. И, очигледно, не гледаат ништо чудно во веста дека дури и државната полиција сега се вклучува за да го заштити профитот на мега-компаниите. Некој ќе рече дека тоа ги прави глупави и наивни. А тие што ќе ги дадат своите 149,99 евра на Најк на некои ќе им изгледаат наивно и глупаво. Можеби проценката на туѓата наивност зависи од состојбата на сопствениот паричник.
Сликички
Но, купувањето производи на легален пазар, наместо под тезга, барем го гарантира квалитетот на купениот производ, ќе се побунат првите. Дресовите на Најк или Адидас се едноставно подобри од Ноке, Ребок и други копии од првата тезга. Специјално за верниците на слободниот пазар, за крај ќе ја раскажеме приказната за фудбалските албуми и самолепливите сликички. Евро 2024, можеби веќе сте дознале, е првото Евро, по речиси 50 години, што нема да биде придружено со албум на култниот италијански Панини. Панини е заменет со Топс, американска компанија со повеќедецениска традиција на печатење сликички од бејзбол играчи. Но, штом се појави нивната фудбалска колекција, почнаа критиките: на некои репрезентации им недостасуваат клучни играчи, се даваат погрешни информации, квалитетот е слаб... Добро, но каква врска има ова со реплики на дресови? Сосема малку: падот на довчера угледниот Топс започна пред две години, откако го купи американската корпорација Fanatics, специјализирана за производство на спортска опрема, навивачки реквизити, колекционерски предмети и, во основа, на сè со што на љубителите на спортот можат да им се земат пари.
Fanatics се шири многу агресивно на навивачкиот пазар: веќе има склучено долгорочни договори со главните лиги од сите најпопуларни американски спортови, од бејзбол и кошарка до хокеј и американски фудбал, а влезена е и во светот на автомобилските трки. Веќе ги доби и првите тужби за основање монопол. Знаеме како функционира монополот: тој ги зголемува цените и го уништува квалитетот на производите за да може компанијата да оствари што поголем профит. Во САД љубителите на бејзболот и хокејот веќе некое време беснеат поради катастрофално дизајнираните дресови кои се распаѓаат по првото перење, и тврдат - тука е иронијата - дека копиите се поквалитетни. Во Европа купувањето албуми и сликички од Топс би можело, според корпоративната стратегија, да биде само првиот чекор за проширување на пазарот. Fanatics, според пресметките - ако некоја антимонополска пресуда не ги спречи - ќе го преземат производството на дресови и други реквизити во блиска иднина. Тогаш и локалните љубители на фудбалот ќе научат една од основните лекции на капитализмот: кога некој ќе победи во игра на слободен пазар, тогаш сите губат. Уште повеќе, тој тоа ќе го провери - сосема буквално - на својата кожа.
Извор за текстот: Portal novosti
Превод: Н. Г.