1019 hPa
77 %

14 °C
Скопје - Вто, 25.03.2025 04:59
Регионалната книжевна заедница номинираше дури 153 наслови за овогодинешната, трета по ред, „Штефица Цвек“. Жирито за првиот круг ги разгледа предложените книги од страна на регионалната книжевна заедница и во периодот од февруари до јуни 2024 година го направи својот избор.
Станува збор за жанровски различни дела (проза, поезија, хибридни ракописи, стрипови и книги за деца), објавени во текот на 2023 година, на споделениот јазичен простор на Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, С. Македонија и Србија.
Целта на регионалниот книжевен избор „Штефица Цвек“ е афирмација на бунтовните писателски и читателски практики, односно на феминистичките, квир, деколонијални, марксистички и еколошки, ангажирани перспективи.
„Следствено, јасна е тематската и идејна перспектива, односно општествено-политичкиот ангажман како еден од критериумите при разгледувањето на номинираните дела. Подеднакво вреден критериум е и вештината и иновативноста на книжевните постапки, односно специфичниот авторски одговор на нашата заедничка, општествено-политичка стварност и самата книжевна (и општо земено, уметничка) продукција. Накратко, сето она што романот Штефица Цвек во челустите на животот го претставува во историјата на (пост)југословенската книжевност, како и опусот на Дубравка Угрешиќ во целина. Оттаму, во контекст на овој избор, признанието ‘Штефица Цвек’ е во потрага по книги кои обединуваат општествено-политичка ангажираност и книжевно-естетски квалитет“, изјавуваат членовите на жири-комисијата.
Во потесниот, прв, круг на изборот „Штефица Цвек“ влегуваат следните 27 книги, наведени по следниот азбучен ред:
Првиот жири-состав го сочинуваа: Ања Томљеновиќ, Грација Атанасовска, Иван Шуњиќ, Марија Божиќ, Марија Бошковска, Милица Улемек и Филип Кучековиќ. Авторка на овогодинешниот визуелен идентитет на изборот е Лејла Ахмедспахиќ, графичка дизајнерка и илустраторка од Сараево.
Второто жири го презема овој избор за натамошно читање и ќе донесе конечна одлука за наградените книги. Добитничките и добитниците на третата „Штефица Цвек“ ќе бидат јавно објавени на свеченото прогласување во септември 2024 година.
Книжевниот избор „Штефица Цвек“ #3 го организираат Pobunjene čitateljke (Србија), Kulturtreger/Booksa (Хрватска), Naratorium (Босна и Херцеговина) и Коалиција МАРГИНИ (С. Македонија). Овогодинешниот избор го поддржаа Western Balkans Fund и Rekonstrukcija Ženski Fond.