Ќе биде еднаш и во пеколот панаѓур! (српски народни изреки)

19.06.2024 14:32
Ќе биде еднаш и во пеколот панаѓур! (српски народни изреки)

 

Да нема ветар, пајаци небото ќе го премрежеа.

 

Сега јајцата кокодакаат, а кокошките молчат.

 

Кога грми, секој се плаши од себе.

 

Кај се видело магла пен да искорнала?

 

Брдо со брдо не може да се состане, а живи луѓе се состануваат.

 

Стави го лудиот на високо, со нозете нека мавта.

 

Човек и кога ќе падне, ќе се одмори.

 

Навалил ко зима врз гол човек.

 

И гол и бос, и уште му е ладно.

 

Кога гори куќата, барем човек да се згрее.

 

Коза окозила две јаренца; од едното кожата за на тапан, а од другото на евангелие.

 

Полн со ум како пијавица со коски.

 

Добро му е како на рак на јаглен.

 

Залудно се мачи ко црн пајак.

 

Цичи ко змија во процеп.

 

Се раширил ко жаба на вода.

 

Се раскрачил како рак на брзак.

 

Гледа ко теле во шарена врата.

 

Ја искривил главата како црвливо куче во коприви.

 

Се ниша како волк во железо.

 

Да имам кучешки опаш, сам по слабините би се шибал.

 

Пци, кси, кси, пци, сите сте пци.

 

Ќе биде еднаш и во пеколот панаѓур!

Слики: Јуриј Васнецов ( Юрий Васнецов)

Избор и превод: П. В.

Извор за текстот: Васко Попа, Од злата јабука, Руковет народних умотворина, 1958.

Слични содржини

Општество / Книжевност / Култура
Општество / Активизам / Книжевност
Општество / Книжевност / Култура
Општество / Графички Дизајн / Книжевност / Култура
Општество / Книжевност / Култура
Општество / Книжевност / Култура

ОкоБоли главаВицФото