1007 hPa
33 %

28 °C
Скопје - Пон, 07.07.2025 20:59
„Во постојано движење” е завршната групна изложба од програмата „Артс Хаб” на КСП Центар - Јадро. Во рамки на оваа програма беа поддржани пет колаборативни и партиципативни пректи, кои на изложбата ќе бидат претставени преку селекција од дела и траги од креативните процеси реализирани во периодот 2023/24 година:
– „Преосмислување на урбаните простори: проект за јавни тоалети во Скопје” на Озбек Ајваз
– „Вештини за оживување” на Клелија Живковиќ
– „Одржливи заедници” на Никола Узуновски
– „Драгославија” на Тодор Трпевски, Дарио Дончевски и Зорица Зафировска
– „Кадри на ранливост” на Наташа Неделкова, Миле Неделков и Амир Карахасан
Настанот започнува во 12 часот пред КСП Центар-Јадро со мал хепенинг во кој Никола Узуновски ќе подготвува храна користејќи го методот на соларна кујна, а изложбата ќе може да се погледне во текот на целиот ден.
Програмата Артс Хаб се реализира со финансика поддршка на Фондацијата Отворено општество - Македонија.