„Квир бунт” 4 во СЦ „Дуња”

20.06.2024 10:30
„Квир бунт” 4 во СЦ „Дуња”

Овој петок, на 21 јуни, со почеток во 19 часот, по четврт пат во СЦ „Дуња” ќе се одржи настанот „Квир бунт”.

„Сведоци сме на консолидацијата на клерофашизмот во Македонија, и пошироко во Европа. Многу е лесно во овој момент да очајуваме и да чуствуваме болка за себе и за нашите сакани или пак да го бараме решението во некој друг. Но, зошто да треба ние како квир луѓе да молиме една нефункционална држава предводена од крвничка и самобендисана владеачка класа, која самата е должна на нејзините газди од империјалистичкото јадро? Зошто да им се молиме на оние кои не гледаат нас како посебна класа консумеристи за таргетирање и како уште една касичка за пари? Токму сега е моментот да покажеме дека ја имаме моќта да водиме организирана борба против системот кој нѐ угнетува нас и сите останати.

Со овој настан, сакаме да потенцираме дека квир значи да се биде бунтовник. Време е да ја отфрлиме либералната концепција на квир, која со години не лаже дека ние можеме да се асимилираме во овој гнил систем. Единствен начин за да се дојде до слобода е преку директна борба со системот, борба која ги сврзува сите сфери на општеството и се осмелува да обмисли едно ново општество, борба против сите форми на репресија - борбата против империјализмот и колонијализмот, борбата за слободa на палестинскиот и сите други угнетени народи. Време е да се организираме и да застанеме рамо до рамо против ништувачкиот систем! ”, велат во најавата организаторите на „Квир бунт”.

Агенда на активности:

19:00 Pink Flamingos: проекција на филм

21:00 Queering the map: читање и дискусија

21:30 Wh0rem0ans: DJ set

Дрес код: шарени квир суштества и борбен дух

ОкоБоли главаВицФото