1011 hPa
55 %

16 °C
Скопје - Нед, 20.04.2025 20:59
Жешко е Сач. И треба да е
Јадецот на пладнето се скршил
од повтеж за утринска нежност
што испарила под копитата на бикот
со пламени плеќи и златни рогови
кој ене го моќно рика од небесата
Јадицата фрлена од сончева рака
го уловила најголемиот сом на утрото
но капката вода што треба да збере
безброј светови ја нема
Летната трпеза е испукана лепеза што нуди
сал крти белутраци ко јалови боски
Во нив се коти коска на громот
што ни ги суши усните
та кога зборуваме не кажуваме ништо
Потсмешлив ветер ги раствора
облаците во ништо Ништо
ни се вовлекува во литите сенки
за да нѐ потсети на животите што чекале на нас,
а ние не сме ни знаеле за нив,
како што сега не знаеме ни за тој што го имаме.
Жешко е...
Сачччч...