1027 hPa
69 %
1 °C
Скопје - Сре, 15.01.2025 20:59
Под мотото „Спектакуларно непослушни”, вчера во Скопје се одржа петтата по ред Парада на гордоста. Активистите и поддржувачите на правата на ЛГБТИ+ лицата, маршираа низ главниот град, давајќи поддршка, но и барајќи еднаквост и почитување на оваа заедница.
Почетната точка беше во паркот „Жена-борец”, каде во 17 часот започна собирањето на учесниците, а во 19 часот по кратките поздравни говори започна протестниот марш по скопските улици. На крај парадата заврши со културно-забавна програма на стадионот на АРМ во Градскиот парк со музички настапи на дрег кралици од земјата и од регионот и DJ сетови.
Програмата на Скопје Прајд 2024 ја водеа Линда Социјалиста, Ронда Ву и Петар Стојковиќ, а за музичкиот и перформативен дел се погрижија Боле, Соња Исмаил, Илина Ангел, Нино Наумов, Мон Шери, Лазарус, Падре Долоросо, Естела Дарк, Дариа Бафи, Електра Блосом, Абхора Шон, Тиа Дол. Од камионот на Прајд кој го следеше маршот од паркот „Жена борец“ до Стадионот на АРМ, присутните ги забавуваа Еми Ермилова и Марко Ангелоковски.
Претставуваме 19 фотографии на Драгана Басекиќ од Скопје Прајд 2024.
Извор: https://trn.mk