1021 hPa
87 %
7 °C
Скопје - Нед, 13.10.2024 03:59
Во Музејот на современа уметност во Скопје, на 27 јуни, со почеток во 21 часот, ќе се одржи проекција на документарецот „Дваесет дена во Мариупол”, добитник на Оскар за документарен филм во 2024 година.
Во рамки на изложбата „Украина: Воено злосторство”, која е поставена во Мала станица, овој моќен филм ја продолжува нашата посветеност за прикажување на суровата вистина со која се соочуваат луѓето погодени од војната.
Документарецот ја следи храброста на украинските новинари заробени во градот под опсада, документирајќи ги злосторствата на руската инвазија. Овој документарец е сведоштво за издржливоста на човечкиот дух и неуморната потрага по вистината.
Музејот на совемена уметност во Скопје ги поканува заинтересираните да присуствуваат на вечер на емотивно раскажување и да ги посведочат ужасните настани преку очите на оние кои ги преживеале.
Проекцијата е поддржана од Фондациите Отворено општество – Западен Балкан и e дел од активностите во рамки на изложбата „Украина: Воено злосторство”, базирана на истоимената книга издадена од Fotoevidence.