Мирисот на дождот

25.06.2024 11:30
Мирисот на дождот

Дали знаете зошто земјата после дожд го има оној познат, карактеристичен мирис?

Специфичниот мирис што земјата го испушта откако ќе се натопи со дождовница се нарекува петрикор. Тоа име е смислено во шеесеттите години на 20 век од двајца австралиски истражувачи кои го користеле терминот во напис објавен во списанието Nature. Грчкиот збор „петра ” значи камен, додека „икор” се однесува на збор од митологијата што значи течност која тече низ вените на грчките богови.

Се испоставило дека за тој специфичен мирис се одговорни бактериите кои живеат во почвата. Гореспоменатите австралиски истражувачи Изабел Беар и Ричард Томас во статијата за списанието „Природа” објасниле дека мирисот доаѓа од растителните масла кои ги апсорбираат земјата и камењата. Кога дождот ја навлажнува земјата и ова масло ќе дојде во контакт со вода, се ослободува бактеријата наречена геозмин.

Геозимин (од грчки „мирис на земјата”) е она што го носи тој специфичен мирис, а е одговорен и за добро познатиот „земјест” вкус на цвеклото.

Извор: https://naukakrozprice.rs

ОкоБоли главаВицФото