1027 hPa
75 %
6 °C
Скопје - Чет, 12.12.2024 07:59
Во Културно-информативниот центар во Скопје, вечерва, 27 јуни (четврток) ќе биде отворена изложба на слики, цртежи и принтови од Суире Магали Симоне (Франција) и Сергеј Јордановски (Македонија).
Изложбата на ликовните уметници Суире Магали Симоне од Франција и Сергеј Јордановски од Македонија е во рамките на меѓународниот уметнички проект на вмрежени градови од Европа „КРЕАРТ – Уметник во престој“ подржана од градот Скопје како еден од градовите учесници.
На изложбата авторите ќе се претстават со 20 дела создадени во просториите на уметничкото атеље на ЈУ КИЦ Скопје.
ЈУ КИЦ Скопје веќе петта година го организира овој меѓународен проект во кој до сега учествуваа уметници од Хрватска, Италија, Латвија и Македонија.
Изложбата ќе биде отворена до 10 јули 2024 година.