Предавање на Изабел Лорај: Презентистичка демократија: Практика на грижа и квир долг

28.06.2024 07:45
Предавање на Изабел Лорај: Презентистичка демократија: Практика на грижа и квир долг

Во рамките на КРИК09 - Фестивалот за критичка култура, на 1 јули (понеделник), во 19:30 часот, во Националната галерија Чифте Амам, ќе се одржи предавање на една од најинтересните современи промислувачки на квир феминизмот, Изабел Лорај.

Изабел Лорај ќе одржи предавање во кое ќе се тематизираат сегашните практики и потенцијалите на општествената грижа, кои можат да бидат основа за моделот на демократија во сегашноста. Сегашноста, која несомнено се одликува со екстремни услови на прекарност во работата и животот, исто така носи и отвора поле во кое споделената прекаријарности взаемнo зависење може да се зачува. Новата концепција на прекариарност се заснова на квир/црн и конечно лош долг, долг кон меѓусебната зависност, во смисла на бескрајно должнички односи на грижа. Наспроти машкиот долг, кој наложува сигурност и е насочен кон иднината, долг кој воспоставува фиксни индивидуализирани субјективности, оној кој не ја експлоатира работата, туку општественоста и животот, и кој се базира на односот заемодавач-заемопримач, Изабел го повикува квир долгот како средство за дисперзија на грижата и политиката во сегашноста.

После предавањето на англиски јазик, во разговор со Артан Садику, ќе ги дискутираме прашањата: Како да се ослободиме од позицијата на субјективитетот на долгот што ни го наметнува сегашниот систем? И како да се организира дисперзирана социјализирана грижа за да се бориме против временската оскудица на сегашноста?

Изабел Лорај е политичка теоретичарка и професорка по квир студии на Академијата за медиумски уметности (KHM) во Келн и работи за transversal texts (transversal.at), платформата за издаваштво на Европскиот институт за прогресивни културни политики (eipcp). Таа е авторка на неколку книги, меѓу кои „Состојба на несигурност: Влада на несигурните“, „Демократија во политичката сегашност: Квир-феминистичка теорија“. Во 2009 година, Изабел Лорај престојуваше на Универзитетот во Виена со студија за формирање на општеството и консолидирање на владеењето, која беше објавена од Diaphanes во 2011 година како „Фигури на имунитетот“. Лорај е веројатно најпозната по својата книга „Владеењето на несигурните“, која е преведена на пет јазици, и за која Џудит Батлер го напиша предговорот. Во неа, Лорај се занимава со несигурноста што се шири низ општеството, социјалната несигурност во нео-либералниот контекст, поврзаните родови политики, но и можностите за промени. Лорај работела како гостин професор на Универзитетот за уметности и Хумболтовиот универзитет во Берлин, а предавала и на универзитетите во Базел, Виена и Касел, на теми од социјални/општествени и културни науки, феминистичка и постколонијална теорија.

КРИК - Фестивал за критичка култура е финансиски поддржан од, Гете Институт, Министерството за култура на Република Северна Македонија и програмата Креативна Европа на Европската Комисија, финансирана од Европската Унија. Но гледиштата и мислењата што се изразени во неа се сепак само на авторот(ите) и не нужно ги одразуваат оние на Европската Унија или на Европската агенција за образование и (EACEA). Ниту Европската Унија ниту доделувачот на грантот не можат да се сметаат за одговорни за нив. Како и Agenzia Italiana per la Cooperazione allo Sviluppo (AICS), Tirana во рамките на проектот „Култура и креативност за Западен Балкан“ (CC4WBs), проект финансиран од Европската Унија кој има за цел да го поттикне дијалогот во Западен Балкан преку зајакнување на културните и креативните сектори за зголемено социо-економско влијание.

ОкоБоли главаВицФото