1008 hPa
83 %
18 °C
Скопје - Пет, 13.09.2024 03:59
Газдата на син ми во Бруклин – Италијанец – си имаше шупа позади кадешто си чадеше и пушеше чајна. Една вечер, среде бран од ситна кражба и вандализам, некој ја разбил шупата и ја собрал чајната. Утредента, син ми зборувал со газдата за тоа и изразил сочуство за исчезнатите колбаси. Газдата бил спокоен и веќе помирен со тоа, но го поправил: „Не беа колбаси. Чајна беше.” Потоа, за случката се пишувало во едно од поистакнатите списанија како за една смешна и живописна урбана случка. Во статијата, репортерот украденaта стока ја нарекол „колбаси”. Син ми му ја покажал на газдата кој ја немал видено. Газдата бил заинтересиран и задоволен дека списанието ја сметало случката за прикладна да ја објави, но додал дека „Не беа колбаси. Чајна беше.”
Слика:Miroslav Sasek
Превод: Евгенија Паневска
Лидија Дејвис (Lydia Davis, 1947) е современа американска писателка. На книжевната сцена се појавила кон половината на седумдесеттите години кога, во малата издавачка куќа која ја основала со својот прв сопруг, писателот Пол Остер, ја објавила збирката раскази „Тринаесетата жена и други раскази“. Досега објавила десетина збирки раскази. Нејзината проза ја карактеризираат прецизноста, сведеноста, хуморот, мешавината на филозофија и поезија. Мошне е ценета и како преведувачка од француски јазик.