Прозорците на Њујорк

28.06.24 11:05

Роден во префектурата Нагано во 1946 година, уметникот Масао Гозу бил активен член на Институтот за уметност и дизајн „Тојо” (Tōyō Bijutsu Senmon Gakkō) до 1970 година. Следната година се преселил во Њујорк, каде студирал, дипломирајќи во 1973 година на Уметничкото училиште во Музејот „Бруклин”. Таму го развива својот проект кој се состои од фотографии од луѓе кои гледаат низ прозорците. Овие фотографии се направени внимателно и прецизно, со корекција на перспективата.

Тие ја сочинуваа неговата прва самостојна изложба во 1980 година. Втората серија (1976–81) е поглед, со прецизно фиксирана рамка, кон прозорецот на барот „Хари” (подоцна преименуван во Барот на Харолд”). Третата серија е „264”, идентично врамени кадри на улицата „264 Бовери”, окупирана од низа сиромашни и напуштени станови.

Делата на Гозу се прикажани во салонот „Гинза Никон”, како и низ галериите во Њујорк. Тој ја освои десетата награда „Ина Нобуо”. А во декември 1990 година, ја освои специјалната награда на жирито, Mois de la photo 90 во Париз.

Додека Гозу продолжува да ги прикажува своите фотографии во Јапонија, Европа и САД од 1984 година, тој исто така реконструира прозорци од стари згради. Гозу на тој концепт гледа како на еволутивен аспект на истата естетика како и неговите фотографии.

Додека во неговите фотографии често беа користени прозорци како рамка за темата, со својата скулптура тој ја однесе оваа идеја чекор понатаму, правејќи го самиот прозорец негова тема.

Во 1988 година, Гозу за прв пат ги прикажува и скулптурите и фотографиите во галеријата „О.К. Харис” во Њујорк. Тој ги фотографираше своите скулптури поставени на различни локации во Бруклин, Квинс и Њу Џерси.

Секоја од петте слики претставува компонента на Го Даи (будистички концепт на петте елементи кои го обликуваат физичкиот свет). Тие вклучуваат Море, Сонце, Бран, Оган и Облак.

Прозорците беа сместени на одредена локација во одредено време од годината, така што фотографиите од прозорците го рефлектираа сонцето помеѓу кулите близначки на Светскиот трговски центар.

Тој на овие композиции гледа како симболи на Нитен (два бога). Сонцето стана дел од колекцијата на скулптури на K & B Plaza во Њу Орлеанс, а подоцна беше преместена во музејот во Њу Орлеанс. Облакот стана дел од збирката скулптури на Мартин Маргилес во Флорида.

Гозу сега се обидува да го долови текот на времето преку неговите прозорци.

Извор: https://untappedcities.com

Слични содржини

Фотографија / Живот / Око
Фотографија / Око
Фотографија / Книжевност / Око
Фотографија / Спорт / Око
Фотографија / Култура / Око
Фотографија / Квир / Настан / Око
Јавни простори / Фотографија / Око

ОкоБоли главаВицФото