1029 hPa
53 %

7 °C
Скопје - Сре, 12.02.2025 11:59
„Скопје Синема Сити” е филмски фестивал на музички документарни филмови. Оваа година, фестивалот слави 10 години и програмата е поделена во два дела: изложба на фотографии и проекции.
Програмата започна со фотографската изложба The Vlatko Stefanovski Experience во Мала Станица.
Проекциите во Кинотека на Северна Македонија односно во киното Мирно лето (на отворено) ќе се одржат од 1 до 4 јули. Автори се: Стефан Рајхл, Ангел, Бигбрадер, Огнен Ацевски, Немања Ѓорѓевиќ, Владимир Мандичевски и Филиповски Тошо
Фестивалот ќе се отвори на први јули со филмот „Carlos” за Карлос Сантана на режисерот Руди Валдес.
Земја во фокус за оваа година е Полска. Артист во фокус за оваа година е полскиот филмски композитор Збигњев Прајснер кому му беше доделена наградата за животно дело. Фестивалот ќе прикаже дел од опусот на полскиот режисер Грегор Брзозович, кој ќе биде гостин на фестивалот.
Последната вечер е посветена на македонскиот филм. Авторите на филмовите Васил Михаил и Благојче Трајковски се и автори на книги, така што, покрај проекциите ќе има и две промоции на книги.
Во врска со картите, „Скопје синема сити” соработува со Кинотека која ги продава на денот на проекцијата по принципот, прв дојден, прв услужен. Детална програма за фестивалот може да се види на линкот.