1034 hPa
85 %
-8 °C
Скопје - Вто, 20.01.2026 03:59

На конкурсот за млади, за стрип, организиран од ХЕРА, Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување, и издавачката куќа ТЕМПЛУМ, стигнаа дванаесет стрипови. Темата на конкурсот е „КАДЕ ПРИПАЃАМ?“
Жирито во состав Никола Гелевски, Фросина Крушкаровска и Милош Стојановиќ, одлучи дека главните три награди ги заслужуваат следниве три стрипа:
Магија од Луција Давиткова
.jpg)
Нешто што фали од Гаја Смилевска
.jpg)
Празното платно од Сара Ангеловска
.jpg)
Стрипот Магија ја освои првата награда, а Нешто што фали и Празното платно го делат второто место.
За најдобрите стрипови предвидени се три награди: од 15, 10 и 5 илјади денари.
Жирито реши да издвои уште три стрипа кои беа во најтесна конкуренција за наградите:
Знак од Михаил Стоиловски
.jpg)
3 Faces од Иван Коминовски

„Арсон“ од Фјола Шахини
.jpg)
Еве ги и насловите и автор(к)ите другите стрипови пристигнати на конкурсот:
Go Away, Goblin! од Петар Шулевски
Карактерен квиз од Ева Дејановска
Ехото на сопствените мисли од Марио Кекеновски
Каде припаѓам од Матеа Аризановска
Љубов е сè што ни треба од Сања Георгиева
Имате идеја за други игри? од Филип Томевски и Слободан Тимчевски
На сите автор(к)и им благодариме за учеството на конкурсот, а на наградените им честитаме.
Сите 12 стрипа ќе бидат објавени во публикација што ќе биде промовирана на книжевниот фестивал „Друга приказна“ кој ќе се одржи од 30 август до 1 септември годинава.