7 најоткачени вреќи за спиење

02.03.2011 13:51
7 најоткачени вреќи за спиење

Без разлика каде и сте, ако некогаш планирате да појдете на кампирање или едноставно да преспиете кај пријател/ка кој/а нема вишок кревет, постојат вреќи за спиење кои колку-толку можат да ви пружат одредена удобност.

Но, како и кај секој производ, и овде се јавуваат невообичаени, па дури и бизарни примери.

1. Ајкулата напаѓа

Ќе ви држи топло и ќе се чувствувате удобно, но ако се плашите од ајкули, можеби ова нема да биде најдобриот избор за преспивање. Сепак, од друга страна, оваа вреќа претставува добар начин да почнете со надминување на стравот.

2. Мечка

Ако решите да преспиете на отворено во шума, можеби е добра идеја да спиете во нешто вакво. Којзнае, можеби некоја мечка просто ќе ве изигнорира ако изгледате како некој нејзин братучед.

3. Одело за спиење

Ако сте од оние луѓе кои сакаат да спијат подолго и мразите што наутро морате да одите на работа, можете да дремнувате во ова специјално одело. Можеби вашите колеги ќе ве гледаат чудно, ама барем ќе се изнаспиете, а и нема да ви се истутка облеката.

4. Кожурец – висечка вреќа за спиење

Ако сте од оние луѓе што мразат бубачки, можеби ќе размислите неколку пати пред да се закачите за некое дрво и да висите во кожурец.

5. Адам и Ева вреќа

Вреќа осмислена за две лица. Ако немате ништо против да спиете голи, украсот на вреќата воопшто нема да ви пречи.

6. Мртовечка вреќа за спиење

Само за љубители на готикот и морничавите нешта. Тешко дека некој човек ќе може да има пријатен сон во нешто вакво. Или?

7. Јакна-вреќа

Ако сакате планинарење и кампирање по планини, а потребна ви е удобност и истовремено вреќа за спиење, со овој производ добивате две во едно.

Извор: do-while.com