Промоција на новата модуларна колекција на студио „Номад”

05.07.2024 10:14
Промоција на новата модуларна колекција на студио „Номад”

Во сабота 6 јули, со почеток во 18 часот, во „Лабораториум”, ќе се одржи промоција на новата модуларна колекција на студио „Номад”.

„Тотем” e разиграна сензорна скулптура инспирирана од играчката со редење обрачи на стапче. Нејзиниот уникатен модуларен дизајн е комбинација на форми и бои кои постојано се менуваат, а истовремено инспирираат различни конфигурации пренесувајќи чувство на разиграност.

Внимателно рачно изработена, скулптурата „Тотем” содржи три основни форми кои се конфигурираат во повеќе од дванаесет стилски силуети, овозможувајќи ви да креирате свои променливи скулптурни форми. Преку сензорна стимулација, Tотем светилката пренесува уникатно и хармонично чувство во вашиот дом.

„Изберете ги вашите омилени бои и не заборавајте да играте!”, порачуваат од дизајнеското студио „Номад”.

ОкоБоли главаВицФото