1020 hPa
93 %
2 °C
Скопје - Сре, 22.01.2025 06:59
Тешко дека некој не ја знае популарната песна Somebody That I Used to Know од 2010-та, на Готје белгиско-австралискиот пејач, поет и мулти инструменталист.
Баладата стана популарна бидејќи се најде на врвот на меѓународните топ листи и освои многу награди. Композицијата за една комплицирана љубовна приказна може да се пофали со повеќе од 1,6 милијарди стримови само на платформата Spotify.
Повеќе од една деценија по објавувањето на песната интернационалната компанија за перформативна уметност CDK, чиј фокус е висококвалитетна обука во колектив, повторно му се наврати на хитот, кореографирајќи танцов перформанс кој е исто толку впечатлив како и оригиналното стоп-моушн музичко видео на песната.
На една сцена холандскиот колектив прикажува широк спектар од секвенци и движења за помалку од четири минути.
Облечени во деловно лежерен аутфит од седумдесеттите, комплетиран со блејзери, елеци, извезени блузи и ѕвонести панталони, трупата инкорпорира брановидни ефекти, танцување со прсти и остри и нагли движења за да предизвика чувство на итност и интензитет, создавајќи задоволувачки визуелен контраст во однос на прилично меката песна.
Широкоаголните снимки и кохезивната градација на боите ги подобруваат перформансите, евоцирајќи силно стилизирана средина што може да биде дел од филм на Вес Андерсон.
Извор: https://www.thisiscolossal.com