„Илјада резови”

08.07.24 08:54

Со векови во југоисточна Азија, практиката лингчи се користела како особено брутална форма на мачење во која се користел нож за методично отстранување на делови од телото во долг временски период.

„Бастилја”

Преведена како „смрт од илјада исеченици”, древната практика ја обезбедува метафоричната основа за серијата портрети на индиската уметница Суџата Сетиа од Лондон, насловена „Илјада резови”.

„Премисата на моето постоење”

Во изминатите две години, Сетија соработувала со SHEWISE, добротворна организација која ги охрабрува маргинализираните жени да ја надминат траумата и да започнат животи ослободени од угнетување и насилство.

Лево: „Феникс”; Десно: „Место кое може да се нарече дома”

Преку оваа врска, таа поминува две години фотографирајќи преживеани од семејно насилство во јужноазиските заедници ширум Велика Британија. „Серијата „Илјада резови” претставува напор да се разбере злоупотребата од многу различни референтни рамки”, вели уметницата во изјавата.

„Божјата крава”

Проектот започнал со имплементирање на она што Сетиа го нарекува „метафорична чекална” - простор организиран со помош на SHEWISE во црква во Хаунслоу каде што странци можеле да разговараат меѓу себе без страв од осуда.

„Уште колку јазли треба да се отплеткаат?”

„Овие првични дијалози доведоа до создавање на вектор на доверба помеѓу мене и учесниците во овој проект”, вели Сетиа.

Лево: „Заговор на соништата”; Десно: „Ограден лет”

„Потоа преминавме на приватни разговори еден на еден и јас ја фотографирав секоја преживеана личност поединечно, со нивна согласност и нивна целосна контрола на начинот на кој тие сакаат да бидат „видени”.

„Пронаоѓање на себе си”

„Хартиен цвет”

Извор:https://www.thisiscolossal.com

Слични содржини

Активизам / Екологија / Уметност / Око
Активизам / Уметност / Око
Активизам / Фотографија / Свет / Уметност / Око
Активизам / Екологија / Уметност / Око

ОкоБоли главаВицФото