Изложба на фотографии на Бабак Хаџи

10.07.2024 07:24
Изложба на фотографии на Бабак Хаџи во Сули ан

Денес, 10 јули (среда), со почеток во 20 часот, во галеријата на ФЛУ во Сули ан, во рамки на Фестивалот за алтернативна фотографија „Зрно”, ќе биде отворена изложба на фотографии на иранскиот фотограф Бабак Хаџи.

Разголените машки фигури на фотографиите на Бабак Хаџи кои ќе бидат претставени во среда, во Сули ан, ни предочуваат интересни провокации за претпоставената машкост, цврстина наспроти ранливост, емотивност наспроти сила, сензуалност наспроти отуѓување... и ги ставаат на повторно обмислување ригидните идеи за тоа што е и дали воопшто можеме да зборуваме за такви ригидни родови одредници.

„Македонија и Иран споделуваат многу заеднички културни аспекти, од времиња пред пишаната историја, но тие врски се речиси раскинати во модерното време. Така, носиме визуелна врска, од, во наше време, егзотичен Техеран. Јазикот на телото е разбирлив за сите, а фотоните ќе танцуваат...

Истражувајќи ги неискажаните длабочини на човечкиот идентитет, изложбата на Бабак Хаџи нурнува во тоа како говорот на телото ги надминува родовите граници, откривајќи ги скриените привлечности и суштината на нашето вистинско јас”, се вели во најавата за изложбата.

ОкоБоли главаВицФото