Таквиот план не води кон успех

10.07.2024 12:20

И од Атина и од Софија во повеќе наврати стигнуваат сигнали дека одржуваат „отворени канали“ со албанскиот фактор во РСМ, кој го сметаат за стабилизирачки во однос на интеграцискиот процес. Практично, соседите го калкулираат фактот дека нивните услови за РСМ етнички не ги засегаат Албанците и затоа во нив можат да најдат конструктивен партнер.

Во таа насока ги негуваат и каналите со Тирана и Приштина, како центри што имаат влијание врз албанскиот фактор во РСМ, особено што и Албанија и Косово имаат интерес за поддршка од Софија и од Атина.

Таквиот план не води кон успех. Не може да се зборува за соседска поддршка на интеграцијата на РСМ во ЕУ, ако таа треба да се издејствува со мотивирање внатрешен „партнер“ што ќе предупредува и заплашува со можна дестабилизација, доколку земјата не ги прифати сите услови за суштински почеток на преговорите.

Таа приказна мора да се одвива и да заврши на единствениот прифатлив начин: со обострано почитување и со добра волја, а не со „тегнење уши“ и со држење навредливи лекции за непознавање на меѓународното и уставното право од македонска страна.

Катерина Блажевска, Призма, 05.07.24.