Изложба на Симонида Филипова Китановска во Њујорк

10.07.2024 23:04
Изложба на Симонида Филипова Китановска во Њујорк

Денес, 11 јули (четврток), во Македонскиот културен центар во Њујорк, со почеток во 18:30 часот, ќе биде отворена изложба на македонската уметница Симонида Филипова Китановска.

На отворањето на изложбата ќе настапи дуото Тони Китановски и диџеј Гоце со музичкиот проект насловен Аfro Gitano.

Изложбата на Симонида Филипова Китановска во Њујорк ќе биде отворена до 19 јули.

Симонида Филипова Китановска е родена 1965 Скопје, Р. Македонија. Дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во 1988 година во класата на проф. Димитар Кондовски и Родољуб Анастасов. Член е на ДЛУМ од 1988 година. Од 1991 до1997 живеела и работела во Бостон, САД. Добитник е на повеќе награди: Гран-при, Интернационален конкурс на акварел, Скопје, Награда за акварел; Интернационален конкурс, Скопје, Димитар Пандилов, сликарство мал формат, ДЛУМ, Димитар Пандилов, сликарство мал формат, ДЛУМ, Биенале на југословенскиот акварел, БАЈ, Карловац.