1022 hPa
100 %
5 °C
Скопје - Чет, 05.12.2024 10:42
„Мојата уметност е како дневник, како поезија”, вели Фумија Ватанабе, кој секојдневните искуства и емоции ги претвора во деликатни дрвени скулптури.
Овој интересен уметник потекнува од Гифу, Јапонија, каде што студирал резба на дрво, за подоцна да продолжи да го изучува и усовршува овој стар занает во Инами. Инами е мало место во градот Нанто, кој се наоѓа западно од префектурата Тојама, на јапонските Алпи. Малиот град е познат на национално ниво по изработката на скулптури од дрво.
Усовршувањето на техничкото разбирање на медиумот го поттикнало Ватанабе да ги овековечи работите што ги видел и доживеал, во деликатни уметнички дела.
Уметникот го поминува своето слободно време правејќи скици и каталогизирајќи ги работите што ќе ги види и доживее. „Моите чувства се појавуваат во различни форми. Постојано ми навираат настани од мојот секојдневен живот, работи од минатото, луѓето околу мене и кучињата и мачките со кои живеам…Сите тие обични нешта се моја инспирација”, вели тој.
„Не се обидувам да пренесам некоја голема порака преку моите дела. Јас само му давам форма на она што го чувствувам. Сакам гледачот слободно да ги толкува и да ужива во нив”, додава Ватанабе.
Извор: https://www.thisiscolossal.com