Изложба „Еденска градина” на Тијана Борбељ

12.07.2024 09:39
Изложба „Еденска градина” на Тијана Борбељ

Денес, 12 јули, со почеток во 20 часот, во Монтажна галерија, во Паркот на франкофонијата во Скопје ќе биде отворена изложбата „Еденска градина” на српската уметница Тијана Борбељ.

Овој настан претставува ретка можност да се учествува во креирањето на новата рајска градина. Понесете зрно, плод, семка кое ќе можете да го засадите во чиста земја.

Тијана Борбељ е млада визуелна уметница од Србија. Родена е во 2000 година во Бачка Топола, а потекнува од Фекетиќ. Основните студии по фотографија ги завршила на Академијата за уметности во Нови Сад. Своите дела досега ги изложувала на групни изложби, а покрај тоа присуствувала и на неколку работилници за фотографија. Нејзините дела најчесто се базирани на документарниот жанр.

ОкоБоли главаВицФото