1014 hPa
33 %
31 °C
Скопје - Саб, 07.09.2024 18:59
Од 15 до 17 јули во книжарницата „Илика”, ќе се одржи тридневниот настан насловен „Јулски вечери на архитектурата”.
На овој тридневен вечерен настан ќе се стави фокус на дипломските и магистерските трудови на сите архитекти кои што завршиле во последните пет години и кои го имаат разработувано Скопје. Целта на настанот е да даде видливост на иновативните, креативните и свежите погледи и идеи за Скопје.
Магистерските трудови многу често се длабоки, искрени, неоптеретени од финансиски проблеми, наивни и правилни. И покрај тоа, ретко пошироката јавност, па и самите архитекти можат да се запознаат со истите. Ова е одличен простор младите архитекти да се презентираат себе и својата работа пред повозрасните колеги и останатите заљубеници во архитектурата.