1026 hPa
69 %
1 °C
Скопје - Сре, 15.01.2025 19:59
За нашата земја,
онаа блиску до божјиот збор,
плафон од облаци
За нашата земја
онаа далеку од сите именски атрибути,
мапа на отсуство
За нашата земја,
малечка како зрно сусам,
небесен хоризонт… и скриена бездна
За нашата земја
јадна како крилја на тетреб,
свети книги… и рането себство
За нашата земја,
опколена од распукани ридови,
заседа од ново минато
За нашата земја, тоа е подарок од војната,
слободата да се умре од копнеж, да се изгори
додека нашата земја, во својата крвава ноќ,
е скапоцен камен што блеска надалеку
и осветлува сè што е надвор од себе
А ние, ние внатре
сè повеќе се гушиме!
Препев: Анета Попова