1010 hPa
48 %

16 °C
Скопје - Пон, 17.03.2025 11:40
Способноста на музиката да го подобри расположението и да ги зајакне когнитивните способности кај луѓето со деменција е добро позната и одамна документирана. „Музиката не е луксуз за нив, туку неопходност”, пишува неврологот Оливер Сакс во својата книга „Музикофилија” од 2008 година.
„Музиката има неверојатна моќ луѓето со деменција да ги врати на себе и на другите, барем на некое време”. Таков е случајот на поранешната балерина од Њујорк, Марта Ц., документиран во трогателното видео.
На Гонзалес ѝ била дадена можност да ја слуша музиката од балетот „Лебедово езеро” на Чајковски, дело за кое можеме да претпоставиме дека таа многупати го извела на сцена, како што е прикажано во испреплетените архивски клипови од шеесеттите.
Се чини дека музиката ја буди кореографијата втисната длабоко во нејзиниот ум додека таа почнува спонтано да настапува од својата инвалидска количка. Гонзалес основала и раководела со свој танцов ансамбл наречен „Розамунда”.
Видеото е снимено минатата година во Валенсија, Шпанија и објавено од платформата „Музика за будење„ (Música para Despertar), непрофитна организација која им носи музика на пациентите со Алцхајмерова болест и други форми на деменција, за да помогне да се подигне свеста за нејзиното терапевтско влијание.
Извор: https://www.thisiscolossal.com