1017 hPa
81 %

7 °C
Скопје - Саб, 15.02.2025 08:59
Мултимилијардерот Илон Маск вложува многу повеќе од објавените 45 милиони долари месечно во предизборниот фонд на републиканците, очекувајќи дека евентуалниот втор мандат на Доналд Трамп би ги олеснил условите за развој на технолошката империја, од електричните автомобили, преку социјалната платформа, па сѐ до вселенските истражувања.
Маск како „лажни гнуа“ (игра на зборови за лажна вест) ги опиша извештаите во весникот „Вол стрит џрнал“ дека планира значително да ја поткрепи кампањата на Трамп, но официјално не ја демантираше веста. Неколку дена претходно, веднаш по атентатот во Пенсилванија, тој решително го поддржа ранетиот претседателски кандидат: „Целосно го поддржувам претседателот Трамп и се надевам на негово брзо закрепнување“.
Најбогатиот човек на светот редовно им дава донации на сите претседателски кандидати, но овој пат „малку претерал“ според своите стандарди. Иако не ги поддржува демократите, за кампањата на Барак Обама своевремено во 2011 година уплатил 5.000 долари.
Републиканскиот фонд „Суперпак“ ги користи донациите за да регистрира нови гласачи, за да убеди граѓани да гласаат предвреме, а оние во „превртливите“ сојузни држави да гласаат по пошта.
Поддршката од Маск за Трамп всушност е многу поголема, ако се има предвид влијанието на бизнисменот врз околу 190 милиони свои следбеници на неговата социјална платформа Икс. Со таква поддршка, Маск мошне сигурно е највлијателниот човек на планетата, покрај тоа што е и најбогат.
Маск ги користи овие привилегии за да се вклучи самостојно во изборната кампања на Трамп. Учесници на неодамнешната годишна средба на неговата компанија „Тесла“ укажуваат дека собирот прилегал на политички митинг. Акционерите отворено му порачувале на Маск: „Те сакаме од дното на срцето, те сакаме многу Илон“.
Токму на тој собир, на прашањето каков е неговиот однос со Трамп, кој категорично против електричните возила, Маск одговорил: „Можам да бидам убедлив“.
– Сум разговарал со него и тукушто ми се јави онака без причина, не знам зошто, ама се јави. Убаво е кога ќе се јави и јас му кажав дека електричните возила се добри за иднината, дека Америка е водечка земја за електрични автомобили и купувајте американско, такви нешта. И мислам дека многумина негови пријатели сега имаат тесли и дека се вљубиле во нив. А, тој е ги голем вљубеник во сајбертракот (специфичниот џип на „Тесла“). Па, мислам да, тоа може да бидат фактори што придонесуваат – изјави тогаш Маск.
Мултимилијардерот и милијардерот, всушност, имаат спротивставени ставови за многу теми. Едниот заработува од намалувањето на емисии на штетни гасови, другиот е против какво било намалување и против чиста енергија. Маск се залага да нема автомобили на фосилни горива, а Трамп тврди дека електричните возила се економска катастрофа за Америка. Откако Трамп стана претседател и ја повлече Америка од Парискиот глобален климатски договор, Маск го откажа своето учество во два совети на Белата куќа. Но, само неколку години подоцна, тие се приближија еден до друг. Една од првите работи што ја направи Маск откако ја купи платформата Твитер беше да го деблокира профилот на Трамп. Тој објаснуваше дека претходното раководство на платформата „погрешно ги цензурирале приказните на Трамп насочени против демократскиот претседател Џо Бајден.
Компанијата „Тесла“, која полни најмногу милијарди во касата на Маск, успешно се развиваше во првиот мандат на претседателот Бајден, чија администрација даваше субвенции од по 7.500 долари за купување нов електричен автомобил. Маск, сепак, се жали дека субвенциите повеќе им помогнале на европските ривали, отколку на американските производители.
– Укинете ги субвенциите, ќе ѝ помогнете на „Тесла“. Укинете ги субвенциите за сите индустрии – порача Маск во вторникот.
Маск и Трамп имаат спротивставени ставови и за трговските бариери на Америка за Кина, каде што „Тесла“ има големи фабрики и амбиции да биде конкурентна на големиот пазар.
Се очекува дека Кина итно ќе одговори на евентуално нови трговски бариери, при што „Тесла“ ќе биде првата жртва.
Токму затоа, великодушната донација би го поставила Маск во позиција да влијае врз политиката на идната администрација, ако Трамп победи на изборите во ноември. Ако, пак, изгуби, „Тесла“ би продолжила да прави профит, а Маск да ја критикува власта.
Извор: https://www.slobodenpecat.mk/