1021 hPa
93 %
8 °C
Скопје - Нед, 13.10.2024 01:59
„И тие така правеа.”
Се изнаслушавме со децении. Едни, па други. Повеќе или помалку. Во една или друга област. Ама, генерално - и тие така правеа.
Кога ова е факт - ја уништува критиката, оти таа станува некредибилна и смешна.
Кога ова се користи како алиби - ја уништува смислата, оти поентата е, нели, овојпат да биде демек поинаку. Без кредибилна критика и без капацитет за вистински поинаку. Е таму сме. Постојано. Па, нема пострашно.
Ни требаат луѓе кои така никогаш НЕ правеле, за сега да им држи зборот. И луѓе кои ќе се срамат да помислат да се споредуваат со тие кои така правеле, а уште помалку на легитимна критика да одговараат со напад за тие кои така правеле.
И не, не ми велете дека овие луѓе ги нема!
Тие можеби сакаат овде да ги нема, да, ама тоа е друго дваесет, што викаше баба ми.
Катарина Синадиновска, Фејсбук, 22.07.24.