1023 hPa
93 %
6 °C
Скопје - Пон, 02.12.2024 09:35
Би биле среќни да ме видат мртов, па велат: Нам ни припаѓа. Наш е.
Цели дваесет години им ги слушам чекорите во ѕидовите од ноќта.
Не отвораат никакви врати, но тука се. Гледам тројца од нив:
Поет, убиец, и читател.
Ќе се напиете ли вино? ги прашав.
Полека малку, ми одговорија.
Ги наредија чашите и почнаа да пеат за народот,
ги прашав: Кога ќе го започнете атентатот врз мене?
Веќе го завршивме, рекоа. Но зошто ги испрати чевлите пред душата?
За да скитаат по лицето на земјата, одговорив.
Земјата е пакосно мрачна, зошто твојата песна е толку јасна?
Бидејќи срцево ми е заплиснато од триесет мориња, реков.
Ме прашаа: Каква смрт сакаш?
Сина, како ѕвезди што трепкаат во прозорецот. Уште малку вино?
Да, ќе се напиеме, рекоа.
Ве молам, полека. Сакам да ме убиете бавно за да ја напишам последната песна за сопругата на моето срце. Се насмеаја и ми ги зедоа
само зборовите посветени на сопругата на моето срце.
Превод: Зоран Анчевски