1014 hPa
72 %

13 °C
Скопје - Саб, 15.03.2025 07:59
Изложбата насловена „Културните институции во Скопје по земјотресот во 1963 година“ е подготвена по повод одбележувањето на 61 година од катастрофалниот земјотрес кој се случил во Скопје на 26-ти јули 1963 година.
Организатор е Музејот на град Скопје. Автор на изложбата е Зоја Богдановска, кустос советник историчар во Музејот.
Во оваа изложба станува збор за земјотресот кој се случи во Скопје на 26 јули 1963 година, и за состојбата на културните институции. Поголемиот дел од скопските музеи претрпеле големи и неповратни штети. Народната и универзитетска библиотека, Народниот театар, и други културни институции, биле толку многу оштетени што немале ни најелементарни услови за работа. Разурнатите згради на издавачките и новинско-издавачките претпријатија, до крајни граници го отежнувале нивното нормално работење. Голем дел од спомениците на културата, како и тврдината Кале, биле целосно разурнати. Ударот уништил многу значајни историски документи и уникатни експонати. Под урнатините останале значајни артефакти – сведоци на бројни цивилизации кои опстојувале на скопското тло.
Изложбата по повод одбележувањето на овој значаен датум од поновата историја на градот Скопје, е посветена на културата и културните институции, на последиците од земјотресот и на нивното функционирање во постземјотресни услови.
Изложбата ќе се отвори на 26-ти јули, во 20:30 часот. Влезот е слободен.