Зеки Мурен - блескава гламурозна кралица на турската класична музичка сцена

26.07.2024 11:52
Зеки Мурен - блескава гламурозна кралица на турската класична музичка сцена

Зеки Мурен, роден во 1931 година во Бурса, во турско имигрантско семејство од Скопје, бил инспириран да почне да се занимава со музика од неговиот дедо, кој го изведувал повикот за молитва во локалната џамија. Кога Зеки станал тинејџер, започнал музичка кариера со издавањето својот прв албум „Bir Muhabbet Kusu“ (Љубовник) на крајот од училишната година додека бил во средно училиште.

Неговиот моќен глас допрел илјадници луѓе низ целата земја, при што одбирајќи стил на турска класична музика се фокусирал на длабочината на тагата на скршеното срце, вистински допирајќи го лирскиот турски дух. Тој станал сензација, вистинска блескава гламурозна кралица на турската класична музичка сцена, со своите нежни стихови внимателно напишани на елегантен турски јазик.

Често нарекуван турскиот Дејвид Боуви, неговите сензационални костими направиле од Зеки андрогина кралица во сјајни наметки со сребрени јаки, крилја на грбот и високи потпетици. Тој претставувал вистинска квир доминантна ѕвезда на турската музичка сцена во педесеттите и деведесеттите години.

Станувајќи успешен не само како моќен вокал, туку и како композитор, а подоцна и како сакан актер, Зеки бил првата геј икона во турската поп култура и првиот маж што облекол здолниште на сцената.

Зеки почина на ТВ пренос во живо во 1996 година, откако доживеа фатален срцев удар, оставајќи ја целата земја во жалост поради губитокот на нивното таканаречено „Сонце на уметноста“, прекар што едноставно се залепил на сликата за него и идејата дека го претставува самото сонце.

Зеки и ден денес претставува икона и помладите генерации сѐ уште ги пеат стиховите на неговите песни. Присуството на Зеки Мурен во турската музичка историја одигра важна улога за ЛГБТК движењето во Турција.

Да се биде првата јавна квир личност со оглед на стигмата во однос на ЛГБТК луѓето ја нормализирало визијата да се гледаат геј мажи, давајќи им можност на големите уметници како популарната трансродова личност Булент Ерсој слободно да се изразуваат на телевизија.

Важноста на застапеноста во медиумите и во општеството на ЛГБТК луѓето става крај на некои стигми, покажувајќи ја можноста да се биде свој/а и да се биде успешен/а, но најважно од сѐ: да се биде сакан/а.

Покажувањето на прифаќање и љубов е важно не само за оние на кои тоа им е најпотребно, туку овие идеи ги водат постарите генерации и им помагаат полесно да ги прифатат луѓето онакви какви што се и да ја слават љубовта на секој можен начин.

Во времето во кое творел Зеки, да се биде муслиман, млад човек, отворено геј на ТВ и после толку време да остане запаметен како најпознатиот уметник во историјата на турската поп култура било речиси невозможно. Конзервативните сили можат да го презираат неговото изразување на љубов, но, зарем цел народ не ги пеел и сѐ уште ги пее стиховите „Gitme sana muhtacım“.

Gözümde nursun başımda tacım, muhtacım (Не заминувај, ми требаш. Ти си светлината во моите очи, круната на мојата глава, ми требаш?)

И навистина, сите што го слушале Зеки и ја сакаат неговата музика пеат заедно за човек кој сака друг маж, а тоа е голем чекор напред во однос на на застапеноста на ЛГБТК во нашето општество, особено во времето во кое живеел и творел Зеки Мурен.

https://strangeflowers.wordpress.com

ОкоБоли главаВицФото