1018 hPa
72 %

15 °C
Скопје - Вто, 17.06.2025 03:59
„Мајко, ако месиш црна погача —
тогаш без срам ќе ја изедам сам!“
Како некогаш ги сонувам
нивите и сите добри орачи,
грнчињата со гравчињата посни
и торбите со црни погачи.
Просто нека ви бидат слатките
и еден вагон да се зберат,
кога со едно ронче од погачите
никогаш не можат да се мерат.
Секоја чест на бакарданите,
на питите, на буреците,
но што им вреди кога без погачите
не можеа да почнат ручеците.
Како некогаш ги сонувам
погачите и нивите со жита
и во сонот со црна погача
по нивите наши си скитам.