1029 hPa
80 %
0 °C
Скопје - Чет, 16.01.2025 01:59
Денес, 29 јули (понеделник) од 19:00 до 24:00 часот на ул.Панко Брашнаров бр.17 во населбата Хром, ќе биде отворена изложбата „Брашнар Отворено Студио”.
Изложбата е во организација на „Брашнар”, меѓународната уметничка резиденција за престој на уметници и писатели. Гости на изложбата се Aди Романски од Полска, Мадисон Мулен од САД и Анкица Митровска од Македонија.
Учесниците во меѓународната програмата за престој на уметници и пистаели „Брашнар” на денoт на изложбата ќе ги отворат ателјеата и ќе ги претстават своите дела креирани за време на едно-месечениот престој во населба Хром (Ѓорче Петров) воедно инспирирани од локалната култура и средина.