Живот без тело

03.03.2011 11:46
Живот без тело

Целата идеја за вештачки луѓе се менувала со општествениот контекст. Од еврејската приказна од 16-от век за Голем, човекот од глина кој е оживеан од рабинот Лоев бен Безалел до Фауст и викторијанската приказна на Мери Шели за Франкјенштајн, вештачките луѓе ја носеа библиската порака за опасностите кои го демнат поединецот поради претераното знаење.

Но по технолошката револуција сè се менува – кога чешкиот писател Карел Чапек во 1920 г. во драмата „RUR“ (Росумови универзални роботи) за првпат го употреби зборот „робот“ за суштество кое е еден вид биоробот, роботот веќе претставува закана не поради екпериментите на поединецот туку поради поширокиот технолошки развој.

Пред Втората светска војна роботот ја менува улогата. Тогашниот механички човек станува стандардизиран индустриски производ во служба на човекот – оваа идеја во своите први раскази ја претставува американската икона на научната фантастика Исак Асимов (1920-1992), кој објави над 500 книги, и кој го смисли називот „роботика“, како и познатите „три закони на роботиката“.

За време на нуклеарната параноја во 1950-те години роботот сè почесто се замислува како суперсуштество кое ќе го наследи човекот по неговото истребување, а станува и незаобиколен и во сите тогаш популарни вселенски авантури.

Во меѓувреме, како што се развиваше генетиката, роботите се мешаа со клоновите и се претвораа во киборзи или биороботи. Со популаризацијата на идејата за стварноста како симулакрум за време на 1990-те, низ филмовите како „Матрица“, роботот престанува да биде физички објект.

Денешниот робот, најпрецизно кажано, е бестелесен. Иако двоножните андроиди веќе долго време се во производство, современата идеја за роботот не е ни механичка ни биолошка – роботите денес живеат во виртуелниот свет на интернетот и компјутерските процесори. Таму каде што, во суштина, ги има најмногу.

Извор: vreme.rs

ОкоБоли главаВицФото