1006 hPa
40 %

28 °C
Скопје - Вто, 08.07.2025 21:59
На 1 август (четврток), во кафе-книжарницата „Буква”, со почеток во 21:30 часот ќе се одржи концерт на францускиот музичар, Марк Еури.
Како самоук мултиинструменталист и поклоник на класичната, електронската и минималистичката музика, Марк Еури се движи од чиста едноставност до епичност, градејќи врски со романтизмот и импресионизмот на XVIII и XIX век. Задлабочувајќи се во интроспекција, неговиот свет е интимистички и контемплативен, како остров вон времето кој отвора излез од бучниот живот на секојдневието. Слушајќи ја неговата музика, можеме да помислиме на Филип Глас, на Макс Рихтер, на Јохан Јохансен, на Стив Рајх, на теми во кои класичната музика се проникнува со електронски ритми и шеми.