Инженер на хербариум

31.07.2024 09:02

умираме.
не ти, не ти.
ти си млад.
полека го прикачуваш секој нов ден
во хербариумот
чии идни страници стојат празни
за гладните за разновидни билки.
како тоа нас да нè гради.
а јас сум сета од распаднати делови кои
не умеат да се спојат само се судираат
моите хербариуми се малечки могили
зашто умираме.
не ти, не ти.
ти си инженер на хербариумот.
ги пакуваш билките дур не ја изгубат онаа зелена крв
дур не го изгубат мирисот
твоите хербариуми љубопитно се отвораат:
рунолист папрат мајчина душица рузмарин селен,
селенот е несовладлив.
пожолтените еднаш живи билки немоќно ќе лежат
ти ќе додаваш свежи
кои ќе умираат
младоста презира кореништа
но добро се приспособува
краткотрајно, што ќе биде ќе биде
се движи во полутонови, игра носена од сите постојни ветрови
а сиот мој живот на една единствена страница од твојот хербариум
сеќавањата ферментираат
моите стравови ѝ се измолкнуваат на формата
надеж нема а одговорноста е сè поголема
никако да му објаснам на животот зошто толку лесно се откажав од него
потпирајќи го баш врз тебе

Превод: Љупка Евроска

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото